Скопски пазар ја поддржа кампањата по повод 7 април - "Денот на здравјето"
По повод 7 април - светскиот ден на здравјето, денот кога е создадена Светската здравствена организација, Скопски Пазар во соработка со Црвениот Крст на град Скопје и приватната болница Ремедика, успешно организираше соодветни активности за своите потрошувачи.
Активностите беа поделени во неколку дела. Одбележувањето започа од 10 часот во ТЦ СП Планет каде што имаше крводарителна акција што ја спроведе Црвениот Крст на град Скопје. Акцијата траеше до 15 часот. Во истиот термин од 10 до 15 часот, стручен тим од Ремедика изврши бесплатни прегледи на шеќер во крвта и притисок во СП Планет и дополнително во СП маркетот во Расадник.