"Компанијата е успешна само толку колку и нејзините вработени"
Добрите меѓучовечки односи и грижата за секој вработен поединечно создава позитивна атмосфера која лесно се забележува и која е битна не само за вработените, туку и за сите кои доаѓаат во контакт со нив.
Скопски Пазар е компанија која исклучително го вреднува напорот на секој вработен за да создаде добра работна средина за себе и своите колеги, но и добра атмосфера за пазарување на нашите потрошувачи.
Кај нас секој има можност да ги оствари своите амбиции, да ги реализира своите планови за професионален успех. Секој вработен кој ќе го земе за своја одговорност задоволството на потрошувачите, кој ќе покаже желба за зголемување на знаењата и вештините има можност за учество на бројни семинари, работилници и обуки кои редовно се организираат.
Ние во Скопски Пазар се гордееме со успехот на компанијата кој во главно се темели на взаемната поддршка, грижата и добрите односи меѓу сите членови на нашето големо семејство. На овој начин, сите заедно, секојдневно го креираме заедничкиот поредок.