Скопски пазар А.Д. донираше средства на Американската Стопанска комора во Македонија која покрена иницијатива за собирање на потребни донации за СОС Детското село.
Традиционално по повод Денот на благодарноста, Американската Стопанска комора организираше ручек во СОС Детското село кои присуствуваа преставници од компаниите кои учестувуваа во донацијата.
Со собраните донации ќе се овозможи реновирање на 6 кујни во СОС Семејните куќи, како и набавка на апарати за домаќинство, кои значително ќе го олеснат функционирањето и секојдневните обврски на СОС семејства кои се згрижени од 5-7 деца без родители и родителска грижа.
Информацијата беше проследена од следниве медиуми:
www.mtv.com.mkwww.mtm.mk
www.sitel.com.mk
www.press24.mk
www.mia.com.mk