"Wine and Cheese Evening"е годишен настан организиран од страна на International Women's Association of Skopje (IWA).
Се одржа во Ресторанот 14 (www.restoran14.com.mk) на 6-ти април, сабота од 20:00-23:00.
Македонското вино, ракија и производителите на сирење ги презентираа своите производи, а гостите имаа посебна можност исто така да уживаат и во музиката на IWA Singing Group, дует на виолина со Тереза и Иван, Роки и пријателите заедно со Дарко Арсов, како и да уживаат во поезијата на Александар Матовски - Цако и да ја видат изложбата на фотографии.
Оние кои присуствуваа имаа можност да учествуваат во томбола и да освојат некоја од наградите, а исто така може да учествуваат на аукцијата.
Овогодинешниот настан беше овозможена со поддршка на Скопски пазар А.Д. Скопје.
Средствата од продадените влезници, аукцијата и томболата се наменети за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром во Македонија.
Сликите од настанот можете да ги видите на facebook фан страната на Ресторан 14.