Компанијата Скопски пазар ги израдува своите сограѓани со нов СП Маркет во Автокоманда.
Со модерен и прегледен ентериер, СП Автокоманда кој располага со површина од 750м2 е спремен за своите потрошувачи. СП Автокоманда припреми внимателно одбран асортиман од над 10 000 производи, овозможувајќи квалитетно пазарување се на едно место.
СП Aвтокоманда може да се пофали со богат асортиман на премиум производи: одвоена здрава храна, свежо овошје и зеленчук, готвени јадења, секогаш тазе печено пиле, вкусен багет, пијалоци, детски свет, производи за нега и убавина како и многу друго за да можат да се задоволат и најприбирливите потрошувачи.