Успехот на Скопски пазар секојдневно го градат повеќе од 600 вработени кои несебично го даваат својот придонес кон успешно функционирање на компанијата.
Добрите меѓучовечки односи и грижата за секој вработен креира позитивна атмосфера што го создава единството не само внатре во системот туку и надвор, при секој контакт со партнерите, клиентите, пријателите.
Со наближување на новогодишните празници, компанијата одбележа уште една година успешно работење по кој повод традиционално организираше свечен ручек и неформално дружење за пензионираните вработени во Ресторан 14.
На овој начин симболично се одбележа долгогодишното пријателство кое ги врзува компанијата и нејзините вработени, дури и откако ќе заминат во пензија.
Настанот беше уште еден начин на кој компанијата им се заблагодари на своите пензионирани вработени за трудот кој го вложиле во создавањето и успешното работење на компанијата, како и добра работна средина за себе, за своите колеги и за потрошувачите.