za_skopski
Дома Визија
Е-пошта Печати PDF

Визија

Шест децениската историја на Скопски пазар направи нераскинлива композиција на идеи, работа и визионерство. Таа историја во себе обедини генерации кои од секоја тезга умееја да направат пазар, а од секоја желба на потрошувачот да направат општ благодет.

Тие генерации, секоја во своето време, во претпријатието вградуваа дел од себе, правејќи Скопски Пазар да биде не само неминовен составен дел на градот, туку да биде дел од неговата душа и битисување.

Од првата зделка на тезгата и првата фактура, па се до ден денес, во времето на модерните капацитети и услуги. Додека времињата го диктираа своето, а генерациите ги следеа тековите и барањата на граѓаните, визиите останаа. Останаа да поврзуваат.

Нашата визија е да бидеме модерна и иновативна компанија, отворена за прифаќање нови идеи, високо ценета од купувачите на кои им служиме, од нашите соработници и вработени, како и од заедницата во која работиме.

Нашата главна цел е да креираме вредност за нашите купувачи со која ќе ја заслужиме нивната доверба и лојалност, да бидеме столб врз кој ќе се гради успехот на сите наши соработници, како и најдоброто место за работа за нашите вработени.

 

 

dreamweaver used cheap adobe fireworks download
    windows 8 update hangs https://ehs.utah.edu/sites/all...-installer
http://www.colegsirbenfro.ac.u...c-download lightroom 5 purchase