За Скопски Пазар

ЗА НАС > ЗА СКОПСКИ ПАЗАР

cropped-Skopski-Pazar-Element_SP-Logo-green.png

СКОПСКИ ПАЗАР

Скопски Пазар е акционерско друштво во приватна сопственост за услуги во прометот и трговија увоз-извоз. Главни дејности на компанијата се изнајмување и управување на недвижен имот и управување со зелени пазари во Град Скопје.

 

Скопски Пазар управува со 12 зелени пазари со капацитет од околу 2700 продажни места -тезги. Дополнително компанијата располага со деловен простор претежно наменет за изнајмување на други корисници со вкупна површина од околу 55.000 квадратни метри.

ВИЗИЈА

Шест децениската  историја на Скопски пазар направи нераскинлива композиција на идеи, работа и визионерство. Таа историја во себе обедини генерации кои од секоја тезга умееја да направат пазар, а од секоја желба на потрошувачот да направат општ благодет.

Тие генерации, секоја во своето време, во претпријатието вградуваа дел од себе, правејќи Скопски Пазар да биде не само неминовен составен дел на градот, туку да биде дел од неговата душа и битисување.

Од првата зделка на тезгата и првата фактура, па се до ден денес, во времето на модерните капацитети и услуги. Додека времињата го диктираа своето, а генерациите ги следеа тековите и барањата на граѓаните, визиите oстанаа да поврзуваат.

Нашата визија е да бидеме модерна и иновативна компанија, отворена за прифаќање нови идеи, високо ценета од купувачите на кои им служиме, од нашите соработници и вработени, како и од заедницата во која работиме.

Нашата главна цел е да креираме вредност за нашите купувачи со која ќе ја заслужиме нивната доверба и лојалност, да бидеме столб врз кој ќе се гради успехот на сите наши соработници, како и најдоброто место за работа за нашите вработени.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Во системот вредности на нашата компанија грижата за општото добро има високо значење. Поради таквата определба, Скопски пазар АД, со години наназад, преку спонзорства и донации ги потпомага активностите значајни за опкружувањетото во кое дејствува. Ги поддржуваме проектите од областа на културата, спортот, науката, образованието, здравството, заштитата на човековата околина и програмите за доброто на децата и младите и луѓето со специјални потреби. Со таквата деловна политика, нашата компанија зема учество во популаризацијата на спортот, музиката и културата воопшто и извршува еден дел од сопствената одговорност кон општеството.

 

Исто така, со успешното работење Скопски пазар АД Скопје дава свој придонес кон пошироката заедница, односно, преку редовното плаќање на своите обврски во вид на корпоративен данок, данок на додадена вредност и другите давачки од кои се финасираат редовните активности на пошироката заедница.